logo
logo
logo

Кошаркарите тргнаа кон Перм по европска виза (ФОТО)

Vecer | 15.02.2021

Кошаркарите тргнаа кон Перм по европска виза (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација за кратко време ќе полета за Перм, градот домаќин на последниот квалификациски цикслус за пласман на Европското првенство следната година. По ковид-хаосот во Талин, КФСМ конечно ги „засука ракавите“ и обезбеди чартер лет, побезбедната варијанта во време на пандемијата коронавирус.

Поради големата одалеченост на Перм и Скопје, македонската експедиција ќе има една попатна станица. Во Череповетс ќе мора да полнат бензин за да стигнат до крајната дестинација. Во рускиот град се очекува да бидат пред 21 часот, веднаш по самото пристигнување ќе следи задолжителните ПЦР тестови.

Во составот последни се приклучија Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски, кои имаа обврски кон своите клубови.

Првиот тренинг е закажан за утре, додека пак првиот меч се игра на 18. овој месец против Италија. Македонија во пет дена ќе одигра четири меча.

ФОТО: КФСМ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk