logo
logo
logo

Кошаркарите бројат ситно: Во Перм падна последниот договор (ФОТО)

Vecer | 17.02.2021

Кошаркарите бројат ситно: Во Перм падна последниот договор (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација ги договара последните детали пред стартот на битката за место на Европското првенство 2022 година.

Александар Тодоров и неговите момци, квалификацискиот турнир во Перм го отвараат утре против Италија, дуелот е закажан со почет во 15:30 часот.

Селекторот на нашиот најдобар национален тим треба да го направи финалниот “рез” за оваа средба. Повеќе е јасно дека тројца од младите кошаркари мечот ќе го гледаат од трибини.

Македонија нема право на кикс, мора да почне да победува доколку сака да го фати последниот воз за ЕП.

Распоред на натпревари:
18. февруари: Италија – Македонија (15.30)
19. февруари: Македонија – Русија (15.30)
21. февруари: Македонија – Италија (13.00)
22. февруари: Естонија – Македонија (15.00)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk