logo
logo
logo

Корона-кризата во Фенербахче се шири: Пријавен и осми позитивен

Vecer | 18.04.2021

Корона-кризата во Фенербахче се шири: Пријавен и осми позитивен

Бројот на заразени со коронавирусот во екипата на Фенербахче се искачи и на осум.

Претходно беше објавено дека турскиот клуб има седум заразени членови, на кои вчера им се придодал уште еден административец.

Фенербахче следнат недела треба да ја почне плеј-оф пресметката со ЦСКА (М) во четвртфиналето на Евролигата, но како што стојат работите овие први натпревари може да бидат и одложени.

На списокот на заразени играчи на Фенербахче се наоѓаат четири имиња, а покрај тоа поради повреда го нема и Јан Весели. Фенербахче планира да лета за Москва на првите натпревари од четвртфиналето во Евролигата против ЦСКА во вторник, но останува да се почека последната лекарска одлука.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk