logo
logo
logo

Корона – хаос во Интер, откажан дуелот со Сасуоло, се спрема целосна забрана за влез – излез од Италија!

Vecer | 18.03.2021

Корона – хаос во Интер, откажан дуелот со Сасуоло, се спрема целосна забрана за влез – излез од Италија!

Се шири коронавирусот во Интер. Имено најнови на листата позитивни се Стефан де Фрај и Матијас Весино. Поради ова одложен е дуелот со Сасуоло во сабота, а властите му забранија на Интер секакви активности се до 21 март, до кога клубот, односно сите членови на Интер, треба да бидат во строг карантин.

Инаку најново е тоа што Интер не го пушта Иван Перишиќ да игра за Хрватска во мартовскиот циклус, едноставно тој не смее да го напушти карантинот во Милано, додека Марсело Брозовиќ нема такви проблеми, тој може да патува во Хрватска и да се јави на повикот на селекторот Златко Далиќ поради фактот дека тој ја прележал короната.

Инаку лоши вести постојано доаѓаат од Апенините. Постојат шанси властите во таа земја, поради катастрофата со Ковид-19, да забранат секаков влез и излез од Италија. Тоа ќе значи дека и нашите репрезентативци, Пандев, Елмас, Несторовски и Николов, не би можеле да се јават на собирот на нашата резентација во пресрет на мартовскиот циклус.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk