logo
logo
logo

„Кориере дело Спорт“ објави список кој Мурињо го доставил до газдите на Рома за нови засилувања

Vecer | 05.05.2021

„Кориере дело Спорт“ објави список кој Мурињо го доставил до газдите на Рома за нови засилувања

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, весник близок до екипата на Рома, објави список на можни засилувања, кои наводно Мурињо ги доставил до управата при договорот за негово доаѓање на клупата на „волчицата“.

Според списокот кој го објави весникот, на голот на Рома следната сезона треба да биде ангажиран Мусо од Удинезе, додека 27-годишниот Ерик Даер и 25-годишниот Пјер Емил Хојбјерг, кои беа „миленици“ на Жозе во Тотенхем, се планирани како први летни засилувања.

Мурињо сака бесплатно да го донесе Хуан Мата, а планира да ги врати Џенгиз Ундер од Лестер и Џастин Клајверт, кој игра на позајмица во РБ Лајпциг.

Нов напаѓач Мирињо ќе бара во Андреа Белоти, кој нема да го продолжи договорот со Торино, па ќе чини многу помалку од 50 милиони евра кои се поставени како негова цена.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk