logo
logo
logo

Конте: Три месеци слушам само критики, но кога ќе ја видам табелата таму Наполи е прв!

Vecer | 03.11.2025

Конте: Три месеци слушам само критики, но кога ќе ја видам табелата таму Наполи е прв!

Фото: Наполи Х

Иако шампионот не блеска, и кога победува тоа го прави со многу проблеми. Факт е дека Наполи, тим за кој настапува и нашиот Елиф Елмас, не е тоа што треба да биде според фановите на овој клуб од под Везув.

За тоа е свесен и тренерот Антонио Конте, но тој денеска на пресот во пресрет на утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Ајнтрахт Франкуфурт, имаше свој коментар:

Сите знаат дека имаме проблеми, сите знаат дека Лукаку е повреден и долго сме без него и долго ќе бидеме без него. Сега се повреди и Де Брујне, имаме и други проблеми. И сега по се тоа јас слушам три месеци само критики, но кога ќе ја видам табелата во Серија А таму Наполи е прв“ посочи Конте покрај другото.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk