logo
logo
logo

Конте по “средниот прст“: Од Јуве нека ја кажат вистината, треба да бидат покултурни

Vecer | 10.02.2021

Конте по “средниот прст“: Од Јуве нека ја кажат вистината, треба да бидат покултурни

Се разбира дека не се чекаше премногу Антонио Конте да искоментира се она што се случуваше на средбата меѓу Јуве и Интер, посебно по неговата реакција кога на претседателот на Јуве, Андреа Ањели му покажа среден прст.

Самиот објаснува зошто тоа го сторил.

Во Јуве треба да бидат малку покултурни. Треба да покажат малку повеќе респект и почит кон тие што работат, кон гостите. Треба да покажат спортски дух. Четвртиот судија се виде и се слушна што навистина се случи. Од Јуве треба да ја кажат вистината“ искоментира Конте со тоа што алудираше на фактот дека во текот на целиот меч од ложата на Јуве имало постојано непристијни дофрлања до него.

Токму затоа бил тој фамозен “среден прст“, барем според Конте.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk