logo
logo
logo

Конте му порача на Пандев да не оди во пензија, Гоче посака Скудето за Интер

Vecer | 22.04.2021

Конте му порача на Пандев да не оди во пензија, Гоче посака Скудето за Интер

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев синоќа испиша историја со 100-тиот гол во Серија А. Со двата гола на мечот против Беневенто, Пандев дојде до јубилејот кој досега не му успеал ниту на еден македонски фудбалер во ТОП 5 лигите во Европа.

По мечот со Беневенто, нашиот репрезентативен капитен зборуваше за „Скај Италија“ во директна врска со тренерот на Интер Антонио Конте, кој не криеше дека Пандев бил опција за потпис со Интер во јануари.

„Се надевам дека оваа година е добра за освојување на Скудетото“, му порача пандев на Конте.

Тој возврати:

„Горан беше наша опција на пазарот во јануари минатата година. Тоа го знаат и директорите на Интер. Нему ќе му порачам да не престанува да игра. Се додека има желба да тренира, треба да продолжи да игра“, вели предводникот на „нероаѕурите“.

Пандев уште еднаш потврди дека со симпатии го следи својот поранешен тим и му посакува годинава да ја освои титулата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk