ЧЕЛЗИ ЌЕ БАРА НОВ МЕНАЏЕР

Конте ги пакува куферите

Италијанскиот стручњак пред неколку месеци беше во отворен конфликт со клупските челници поради според него лошата трансфер политика

Предводникот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Челзи, Антонио Конте, планира да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона.

Иако има договор до 2019 година, трофејниот италијански стручњак веќе ги информирал клупските челници дека сака да се врати во Италија, каде според тамошните медиуми, ќе биде именуван за нов предводник на седумкратниот европски клупски шампион, Милан.

Италијанскиот стручњак пред неколку месеци беше во отворен конфликт со клупските челници поради според него лошата трансфер политика.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари