logo
logo
logo

KOНЕЧНО: По 16 години славниот Брондби одново е шампион на Данска!

Vecer | 24.05.2021

KOНЕЧНО: По 16 години славниот Брондби одново е шампион на Данска!

Photo: Twitter Brondby

Конечно, славниот Брондби стави крај на долгогодишната пауза без шампионски трофеј во Данска. „Жолто-црните“ денеска со победата од 2:0 над Нордсјеланд ја запечатија шампионската круна која е прва за клубот по 2005 година, кога нивен тренер беше Михаел Лаудруп.

Брондби заврши прв со 61 бод, еден повеќе од Митјиланд кој во поголемиот дел од сезоната беше лидер. Третото место го освои Копенхаген.

Брондби има 11 титули шампион на Данска. Овој клуб од предградието на Данска најуспешните години ги имаше од 1985 до 2005 година кога освои 10 шампионски титули. Исто така, во 1991 година стигна до полуфиналето на Купот на УЕФА со што стана првиот дански клуб што стигнал до едно полуфинале во европски куп.

За овој клуб претходно играше и македонскиот интернационалец Ферхан Хасани, а од познатите играчи во овој клуб поминале Брајан Лаудруп, Петер Шмајхел, Михаел Лаудруп, Денис Ромедал, Ебе Санд, Даниел Агер, Петер Мелер, Михаел Крон-Дели, Уче Укечукву…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk