logo
logo
logo

Конечно нешто разумно: Се отвараат фитнес центрите и теретаните, ПЦР тестовите и натаму задолжителни?

Vecer | 10.05.2021

Конечно нешто разумно: Се отвараат фитнес центрите и теретаните, ПЦР тестовите и натаму задолжителни?

Добри вест за дел од спортистите кои во изминатиот период постојано протестираа поради дискриминацијата на Комисијата на заразни болести, која упорно не им дозволуваше да тренираат.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска и официјално потврди дека до Владата ќе бидат предложени нови полабави мерки, откако бројката на заразени со Ковид-19 постојано се намалува.

Комисијата за зарзни болести предложи да се отворат фитнес центрите и теретаните, ова е една од новите мерки кои наскоро ќе бидат потврдени и на владина седница.

Засега нема промени околу ПЦР тестовите, голем дел од спортистите одамна го прележаа коронавирусот, но Владата на Р.М им наложи на клубовите да прават тестови пред секој натпревар, а истовремено не понуди помош, па дел од федерациите одлучија овој голем трошок да го превземат на свој грб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk