Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација доби пофални зборови од новинарите на спортската мрежа Sport Klub.

Имено, во анализата на вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Украина, Ангеловски веше опишан како „вистинско освежување за европскиот фудбал“.

Селекторот Игор Ангеловски е вистинско освежување за европскиот фудбал. Со начинот на кој го води тимот, со сјани тактички решенија покажува дека е иднината на европскиот фудбал. Сигурно е дека во иднина и во клупскиот фудбал ќе можеме да го гледаме Ангеловски и неговите одлични тактички решенија, беше еден од коментарите на новинарите на Sport Klub.