logo
logo
logo

„Комити“: Вардар останува без дел од стручниот штаб, следни се фудбалерите

Vecer | 26.03.2021

„Комити“: Вардар останува без дел од стручниот штаб, следни се фудбалерите

Состојбата во ФК Вардар очигледно никако не се смирува. Проблемите со финансиите, никако да се решат, па според информацијата лиферувана од навивачката група „Комити“, дел од фудбалерите го напуштаат тимот, а исто така и дел од стручниот штаб кој ја предводи екипата добиле барање за спогодбен раскин на договорите.

„Во моментите кога сите треба да покажат дека се спремни Вардар да истапи пред личните или интересите за некои други работи, повторно свесно се турка во провалија.

Денес е побарано од дел од стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите… Објаснувањето е дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековното функционирање на клубот. Ќе следи истото и со играчите, и тоа ладно небаре тоа е нормална работа !

Сега во случајов е интересно да се напомене, дека сепак има кој да удри печат и стави потпис на овие бесмислености, а до сега нели Вардар беше дисфункционален и нема кој да потпишува во името на клубот?

Се води специјална војна против нас и Вардар !

Не се бираат средства, ниту пак ги интересираат последиците.

Никој не одговара ниту на нашите јавни повици и апели да се одржи средба помеѓу инволвираните страни !

Најважно е топката да се префрли на другата страна, без притоа да се има и малку слух за сите импликации кои настануваат од постапките кои ги прават и не ги прават.

Ве повикуваме повторно да истапите и да се одважите јавно да кажете што правите и каде терате?

Навивачите тоа го заслужуваат !

Вашиот однос од позиција на моќ прави не да изгледате големи, туку многу мали и недостојни, особено со вашата нетранспарентност и ароганција.

Ако правите чекор, направете го сега, ако не дајте го клубот двете страни!“, се вели во информацијата на „Комити“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk