logo
logo
logo

Комити со прес и отчет за акцијата „Купи билет за спас на Вардар“

Vecer | 09.03.2021

Комити со прес и отчет за акцијата „Купи билет за спас на Вардар“

Навивачката група „Комити“ утре ќе организира прес конференција на која сака да ја извести јавноста, официјлано, околу последните настани и деталите околу супер успешната акција за купување билети, „Купи билет за спас на Вардар“, со која што се покажа дека навивачите се единствените кои во моментов имаат намера да го спасуваат Вардар. „Комити“ предмалку излегоа со соопштение со кое ја информираат јавноста и воедно и ја покануваат на прес конференцијата, која ќе има една и единствена цел, а тоа е давање отчет околу собраните сретства од акцијата.

Почитувани,

Ви Благодариме на сите кои бевте со нас во најтешките моменти од постоењето на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Со цел да го одржиме во живот клубот, моравме да бидеме инвентивни и да смислиме начин како да помогнеме кога помошта беше навистина итна и неопходна.
Организиравме акција со назив – Купи Билет за спас на ВАРДАР.
Акцијата ја поддржаа голем број навивачи на Црвено-Црните од Скопје, јавни личности, Компании, Спортски клубови, Политичари…Но пред се најголемиот товар ни падна нам, навивачката група Комити. Се надминавме себеси во името на љубовта кон ВАРДАР, и покажавме дека кога сме единствени и сплотени нема предизвици кои не можеме да ги надминеме.
Нашата енергија која зрачеше од искреност во текот на целата акција, беше препознаена од јавноста како нешто вистинско направено од срце, па затоа и одзивот беше огромен.

Со големо задоволство сакаме на јавна сцена да дадеме отчет пред сите вас кои акцијата ја поддржавте и земавте активно учество.
Затоа ве повикуваме утре, 10.03.2021г. (Среда) во 13:30ч. да дојдете на ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА.
Пресот ќе се одржи во Ресторанот “КАЖИ МИ КАЖИ” (стара Деспина) во населбата Мичурин, и започнува во 13:45ч. Потоа следува мини коктел, и здравица за заедничкиот успех.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk