logo
logo
logo

“Комити“ со порака: Вардар ќе живее се додека ние сме тука!

Vecer | 25.02.2021

“Комити“ со порака: Вардар ќе живее се додека ние сме тука!

Најверните фанови на Вардар, навивачката група “Комити“ преку својот официјален ФБ профил, известува дека акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ е во финална фаза. Исто така се повикува од нивна страна дека средствата собрани од продажба на речиси 30.000 билети да се реализираат за оние за кои се наменети:

Дојдовме до финалето на се она што ние но и заедно со вас го правевме.
Повикуваме да се реализира ветеното и средствата собрани од акцијата Купи билет за спас на Вардар, да завршат кај оние кои најдирекно беа и се вклучени во нашата заедничка борба.
Воедно ве информираме дека ги изработуваме Сертификатите како доказ за вашето активно учество.
Вардар ќе живее се додека не има нас сплотени, затоа што тоа е наша единствена цел.
Ви Благодариме затоа што сте со нас, и бидете така сеуште, затоа што конечната победа не е сеуште дојдена, и мора да се бориме за да дојдеме до неа“ се вели во соопштението.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk