ТРЕНЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОКО ШТАРК КАРПОШ, ОГНЕН ДЕДИЌ ЗА ИЗРЕЧЕНАТА РИГОРОЗНА КАЗНА

Комесарот ми фрли пик

Огнен Дедиќ, тренер и претседател на КК Соко Штарк Карпош, по изречената казна од 15 месеци забрана на обавување каква било функција во кошаркарскиот спорт, за прекинот на прволигашкиот натпревар Соко Штарк К. - Фаворити има свое видување за целиот случај: -Ова е хајка против мене од Комесарот за натпреварување при КФМ, сум бил од "другиот" табор. Тој е главен играч, иако го нема на теренот. Симптоматично е тоа што во негов мандат се случија четири инциденти, прекини. И сите имаат своја цена. Довчерашниот играч на Линеа, Нагип Шаља му скрши вилица на кошаркарот Совкоски (МЗТ Скопје 2000) и не беше казнет, туку награден со играње во друг прволигашки клуб Фаворити, иако го немаше ниту во билтенот за регистрирани играчи во зимскиот преоден рок. Случаите кога Џамбазовска и играчите на Фаворити ги удрија судиите останаа заборавени, а во мојот случај добив принуден одмор од 15 месеци, вели Дедиќ. (С.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари