logo
logo
logo

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во следните три години!

Vecer | 12.05.2021

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во следните три години!

Договор за спонзорство во следните три години склучија Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската феерација на Македонија, со цел помош за развојот на фудбалот. Во услови кога македонскиот фудбал празнува и со нетрпение го очеквуа почетокот на ЕП2020 година, каде за прв пат ќе настапува и македонскиот национален тим, Комерцијална банка ќе обезбеди значајна поддршка за ФФМ за нови успеси и заеднички победи.

„Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ да поттикне нови успеси и заеднички победи. Тоа да бидат успеси на деца кои ќе се определат за спорт, одговорност и дисциплина, на нови генерации фудбалери, на сите нас кои ќе изградиме уште подобри услов за спортот во земјава. Тоа е мисијата со која Комерцијална банка влегува во соработка со Фудбалската федерација бидејќи делиме заеднички цели и императиви. Посакувам Европското првенство да ни донесе многу радоси, но на фудбалерите им посакувам многу здравје и многу среќа“, изјави главниот оперативен директор и член на УО на Комерцијална банка, Илија Илоски.

„Посебна благодарност до ФФМ, до претседателот Сејдини, до селекторот Ангеловски, а посебно играчите кои не направија горди. Сакам до тие деца да упатам порака, нека се гордеат со тоа што го направија, а посебно нас жителите на оваа држава не направија горди. Тие се дел од историјата на оваа земја, и нивниот успех ќе го споменуваат и идните генерации а помладите треба да го следат нивниот пример“, додаде Илоски.

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини рече дека репрезентацијата добива уште еден горд поддржувач на Европското првенство, и се заблагодари што Комерцијална банка ги препознала вистинските вредности.

„Со оваа соработка што денеска ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација. Горди сме што добиваме партнер кој секогаш ги поддржува вистинските вредности. Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Среќни сме што преку оваа соработка со Комерцијална банка, имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство која покрај спортски успех, содржи во себе и голема национална гордост“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Сејдини се заблагодари на директорот на репрезентацијата Дени Масев за оваа соработка.

„Посебна благодарност до директорот на репрезентацијата, Дени Масев кој имаше голем придонес во склучувањето на овој договор со Комерцијална банка“, додаде Сејдини.

Репрезентативците Стефан Ристовски и Висар Муслиу преку видео порака го поздравија договорот на ФФМ со Комерцијална банка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk