logo
logo
logo

Колекционер на трофеи: Тодоровски е на пат да стане шампион со четврти различен клуб во кариерата!

Vecer | 09.05.2021

Колекционер на трофеи: Тодоровски е на пат да стане шампион со четврти различен клуб во кариерата!

Баже Тодоровски и на вчерашниот меч во дресот на својата Теута Драч, беше еден од најдобрите поединци во победата од 4:0 против Билис Бјалш во меч од 32.коло во првенството на Албанија. Па со таа победа тимот на Баже сега е прв на табелата, со бод предност пред вториот Партизани на четири кола до крајот. Да кажеме дека член на Теута е и голманот Боби Целески.

Лани Тодоровски со Теута ги освои Купот и Супер Купот на Албанија, а оваа сезона големи се шансите да стане и првак.

Инаку тој е колекционер на трофеи, ако може така да се каже. Имено Тодоровски е на добар пат да стане шампион со четврти различен клуб во својата кариера. Беше шампион со Ренова, Работнички и Шкендија.

“Па, така е. Долга е мојата кариера и имам освоено повеќе трофеи. Сега на ред е да израдувам со Теута. Имаме предност пред Партизани и се чини добар распоред. Сега работите се во наши раце што се вели. Распоредот во последните четири кола ни оди во прилог и ако се би де во ред, ако одиграме како досега тогаш Теута ќе биде првак во Албанија. Што се однесува до мене јас и понатаму играм во добра форма, среќен сум овде во Драч, задоволство ми е што сум член на Теута, се надевам, на новиот шампион на Албанија“ изјави за СПОРТМЕДИА, офанзивниот десен бек.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk