logo
logo
logo

Колекционер на трофеи - Има 9 шампионски титули во последните 10 години!

Vecer | 03.05.2021

Колекционер на трофеи - Има 9 шампионски титули во последните 10 години!

Чилеанскиот играч за врска на Интер Артуро Видал веќе може да се пофали со 9 шампионски титули во последните 10 години. Вчера „нероаѕурите“ од Милано ја освоија првата титула во Серија А после 2010 година и ја прекинаа доминацијата на Јувентус.

Видал има 4 шампионски титули со Јувентус меѓу 2012 и 2015 година, а потоа три пати беше шампион на Германија со Баерн и еднаш со Барселона. Така сезоната 2019/20 останува единствената во последните 10 години во која Чилеанецот не успева да освои титула. Ниту еден играч го нема постигнато ова во последната деценија.

Освен то Видал има уште многу трофеи во споменатиот период – Куп на Италија (2015), Суперкуп на Италија (2012, 2013), Куп на Германија (2016), Суперкуп на Германија (2016, 2017) и Суперкуп на Шпанија (2018). Како додаток тука се и двата трофеја за шампион на Копа Америка со Чиле (2015 и 2016).

Оваа сезона 33-годишниот Видал има 1 гол и 2 асистенции во 23 меча за Интер во Серија А.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk