Човекој кој го урна Тотенхем, Мислав Оршиќ игра во голема форма, а со трите гола против англискиот гигант, го сврте вниманието кон себе. Интересот е голем, а Динамо Загреб веќе ја одредил цената.

Со оглед дека има 28 години, односно е во зрели фудбалски години, Динамо за него бара меѓу 12 и 15 милиони евра.

Хрватските медиуми потенцираат дека да имал четири години помалку, цифрата ќе била двојно поголема.

За Оршиќ се интересираат неколку италијански клубови, но и два тима од Бундеслигата.

sportmedia.mk