logo
logo
logo

Koj на престолот во Европа? Интер и Манчестер Сити во борба за врвот!

Vecer | 10.06.2023

Koj на престолот во Европа? Интер и Манчестер Сити во борба за врвот!

Европските великани Манчестер Сити и Интер вечерва (21:00 часот) на стадионот Ататурк во Истанбул ќе го играат финалето во Лигата на шампионите. Улогата на фаворит на обложувалниците ја има екипата на тренерот Пеп Гвардиола. Англискиот тим подобро котира поради подобриот ростер на играчи, а на патот до финалето беше убедлив против некои од поранешните европски шампиони и актуелни европски гиганти. На пример во осминафиналето го елиминира Лајпциг со вкупни 8:1, во четвртфиналето Баерн со 4:1, а во полуфиналето со 5:1 бранителот на евро-титулата и рекордерот Реал Мадрид.

Од друга страна, италијанскиот тим под раководство на Симоне Инзаги има помали шанси за триумф. Интер по 13 години се врати во финале на ЛШ и може да дојде до четвртата титула во елитното европско клупско натпреварување.
Инаку, Гвардиола како тренер на Барселона ја освои ЛШ во 2009 и 2011 година, а во Истанбул ќе ја брка третата победа. Пред него Карло Анчелоти има четири, Боб Пејсли и Зинедин Зидан имаат по три.

Гвардиола може да стане и шестиот тренер кој ја освоил ЛШ со различни клубови. До сега тоа успеаја Анчелоти, Ернст Хапел, Јуп Хејнкес, Отмар Хицфелд и Жозе Мурињо.
Ова е прв официјален меѓусебен дуел меѓу Сити и Интер. Досега тие се среќаваа во неколку пријателски средби.

Што се однесува до здравствениот билтен, кај Сити проблеми прави Кајл Вокер. Тој има повреда на грбот и е неизвесен за настап. Кај Интер неизвесни се Мхитарјан и Жоакин Кореа.

МОЖНИ СОСТАВИ
МАНЧЕСТЕР СИТИ (3-2-4-1): Едерсон – Вокер, Диас, Аканџи – Стоунс, Родри – Силва, Гундоган, Де Брујн, Грилиш – Халанд
ИНТЕР (3-5-2 ): Онана – Дармијан, Ачерби, Бастони – Дамфрис, Барела, Мхитарјан, Чаланоглу, Димарко – Мартинез, Џеко


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk