logo
logo
logo

Кој ќе влета на местото на Јуве, Барса и Реал во ЛШ?

Vecer | 26.05.2021

Кој ќе влета на местото на Јуве, Барса и Реал во ЛШ?

„По истрагата која ја поведоа етичките и дисциплинските инспректори на УЕФА во врска со проектот Суперлига, покрената е дисциплинска постапка против Реал, Барселона и Јувентус поради потенцијално кршење на законите во рамките на УЕФА. За подетални информации ќе бидете дополнително информирани“, соопшти УЕФА.

Како што стојат работите сигурно ќе добијат парична казна, но и можеби исфрлање од лигата. Доколку се случи тоа веќе во јавноста излегоа имиња кои можат да ги заменат, истите доаѓаат од Серија А и Ла Лига.

Според пишувањата на странските медиуми, Реал Сосиедад и Бетис ќе ги заменат Барса и Реал, додека Наполи ќе биде на местото на Јувентус.

Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Арсенал, челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем се клубовите кои се откажаа од Супер-лига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk