ФУДБАЛЕРОТ НА ИНТЕР Е ВО ВТОР ПЛАН

Кога сестрата е поактуелна од братот

Сепак, Брозовиќ повторно е тема на дискусија, но сега поради родената сестра. Ема Брозовиќ поседува невидена убавина, која не ја крие и која речиси секој ден ја споделува на најпознатите социјални мрежи

Репрезентативецот на Хрватска, Марсело Брозовиќ, повторно е во центарот на фудбалското внимание, но не поради одличните партии како во националниот дрес или во тој на италијанскиот калчо гигант Интер.

Пред неколку дена, одличниот играч за врска беше актуелен поради незгодната повреда која ја заработи за време на квалификацискиот дуел против репрезентацијата на Финска, кој ќе го одалечи од зелениот терен неколку дена.

Сепак, Брозовиќ повторно е тема на дискусија, но сега поради родената сестра. Ема Брозовиќ поседува невидена убавина, која не ја крие и која речиси секој ден ја споделува на најпознатите социјални мрежи.

Поради секси фотографиите, секој ден се зголемува бројот на фанови кои ги има на својот инстаграм-профил, но и покрај зголеменото ниво на слава, Ема постојано му дава поддршка на својот брат, кој најпосле се избори за поголема минутажа во дресот на италијанскиот калчо гигант.

Поврзани

Најнови вести

Коментари