Кога неможе таткото, може синот! Додека Роналдо се мачи, наследникот ја кине мрежата на Јуве... (видео)

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо дефинитивно нема старт од соништата во дресот на Јувентус, но затоа неговиот син Кристијано Јуниор неможел да замисли подобро дерби во дресот на торинскиот тим.

Додека славниот татко го чека својот првенец во дресот на италијанскиот ас, талентираниот наследник на дебитантскиот меч за тимот на Јувентус постигнал четири гола.

Неодамна Роналдо изјавил дека неговиот наследник е талентиран за фудбал и дека го потсетува на него кога бил млад.

"Натпреварувачки е настроен, како јас кога бев млад. Не сака да губи... Сакам да го научам, но што и да сака да работи во животот јас ќе го подржувам. Секако, би сакал да биде фудбалер, мислам дека е талентиран и го има тоа во себе. Има добро тело, брз е, вешт е со топката и добро шутира", рекол Роналдо.

Да потесетиме, Роналдо ни после третиот одигран меч не успеал да се запише во листата на стрелци. Во првите два меча одиграл добро, создавал шанси но немал среќа, а синојќа бил видно исфрустриран. Се спромашил.

Одличната партија на синот на Роналдо сигурно ќе му го поправи расположението

Поврзани

Најнови вести

Коментари