logo
logo
logo

Кога некој ќе ти фрли магија: Пеп е проколнат, нема никогаш повторно да ја освои ЛШ!

Vecer | 30.05.2021

Кога некој ќе ти фрли магија: Пеп е проколнат, нема никогаш повторно да ја освои ЛШ!

Мина цела деценија откако Пеп Гвардиола, според многумина најдобриот тренер во светот, ја нема освоено Лигата на Шампионите. Синоќа Сити беше надигран од Челзи, Тухел во целост го надитри Пеп, и затоа Шпанецот остана со празни раце.

Зошто Пеп не може повторно да ја освои ЛШ? Така беше со Баерн, така е сега пет години со Сити.

Шпекулациите говорат дека тој е проколнат и тоа од Африка, и дека нема никогаш веќе да го подигне „ушлето“ во знак на победа.

А, самиот си е виновен.

Всушност за што станува збор?

Шпекулациите говорат дека врз него е фрлена клетва или магија и тоа од сите можни шамани во Африка. Познато е дека Пеп воопшто не го мирисаше Јаја Туре. Прво го избрка од Барса, а потоа и од Сити.

Менаџерот на Туре, Димитри Селук водеше “војна“ со Пеп, тоа беа навистина изјави кои не доликуваа на менаџер и тренер, тука мислиме на “препирката“ меѓу Селук и Пеп.

Тој ја сврте цела Африка против себе. Се здружија сите можни шамани да му фрлат клетва и во тоа успеаја. Пеп никогаш повеќе нема да победи во едно финале во Лигата на Шампионите. Тоа ќе биде неговото `Африканско проклетство`. Времето ќе покаже дали сум во право“ истакнува Селук.

И како што одминуваат годините, се чини дека има тука нешто.

Можеби ќе звучи смешно, но ајде прашајте ги во Бенфика колку години не можат да освојат европски трофеј, откако пред децении и децении ги проколна нивниот некогашен тренер Бела Гутман.

Прво сите се смееја, но сега фановите на Бенфика одат на неговиот гроб со молба да ја тргне клетвата која трае ли трае….

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk