logo
logo
logo

Клубовите на мака: Нема карантини, нема заеднички оброци, нема хотели за странците...

Vecer | 06.04.2021

Клубовите на мака: Нема карантини, нема заеднички оброци, нема хотели за странците...

Македонија како држава и тоа како ја „тресе“ тешка Ковид-19 криза. Властите вчера ги заострија кризните мерки. Засега спортот куртули, засега ќе продолжи да се игра, пред се тука мислиме на фудбалот, ама до кога, тоа никој не го знае.

Сепак и покрај фактот дека клубовите може да ги играат своите натшревари, тие клубови дури сега се соочуваат со проблеми. Ако се знае дека хотелите не смеат да работат, рестораните исто така, а посебно ако се знае дека мечевите почнуваат во 13 часот, тогаш се поставува прашањето како ќе функционира еден клуб.

Секако дека ова се ненормални времиња, секако дека еден човечки живот е многу поважен од “најважната споредна работа во светот“, но кога веќе се игра фудбал, на што ли тоа ќе личи.

Имено од утре клубовите не смеат да “влегуваат“ во карантин. Пракса која речиси сите наши прволигашки клубови ја прават. Познато е дека хотелите се затвораат. Исто така нема да има заеднички оброци, со оглед на тоа дека и ресторантите се затвораат. Посебен проблем претставува престојот на странските фудбалери во нашата земја. Тие обично престојуваат во помали хотели или хостели, а се хранат во истите тие хотели или во клубските ресторани. Како ли сега тие ќе „живеат“?

Се разбира дека надлежните власти си имаат поголеми проблеми, треба оваа тешка корона – криза да се надмине, но секако и горенаведени прашања треба да се решат.

Веќе кога им се дава на клубовите и на играчите да играат фудбал, кога има посебни Ковид-протоколи кои клубови кај нас ги почитуваат, треба нешто да се превземе.

Секако дека играчите мора да се хранат. Сите немаат семејства, или сите не престојуваат во станови, ова го мислиме пред се на странците.

Ете голем проблем кој ги става клубовите на голема мака.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk