Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на првиот натпревар од 1/8-финалето во Лигата на шампионите со РБ Лајпциг, ја коментираше и информацијата за можното заминување од клубот на крајот на сезоната.

„Не, нема такви планови. Не ми треба пауза. Да, слушнав нешто, но … Погледнете, последното нешто што би сакал е да зборувам за лични работи на прес-конференција, но сите веќе знаат дека сега минувам неверојатно тешко време. Ова се однесува не само на последните три недели, овој период трае многу подолго. Но, кога ќе се вратам на мојата работа, се заборавам. Можам да менувам режими. Јас не го комбинирам мојот личен и професионален живот. Секако, тешки лични ситуации влијаат врз мене, но никој не треба да се грижи за мене. Можеби не изгледам многу добро, спијам малку, брадата ми станува се повеќе сива секој ден, но јас сум полн со енергија“, изјавил Клоп.

sportmedia.mk