Откако стана јасно дека играчот за врска на Ливерпул, Џорџинио Вајналдум ќе го напушти Ливерпул ова лето и како слободен фудбалер ќе се пресели во Барселона, на „Енфилд“ се прави стратегија за обезбедување негова адекватна замена.

Денешен „Дејли Меил“ пишува дека во нотесот на Клоп има три имиња, од кои едно очекува да биде замената за Холанѓанецот следната сезона. Прв на листата е фудбалерот на Јувентус, Арон Ремзи, кој сигурно ќе си замине од Торино, а Јуве сака да се ослободи од него, што значи дека Ливерпул има и најреални шанси за негов потпис.

На второ и трето место на листата се Ив Бисума од Брајтон и Усем Ауар од Лион, кој беше интересен за Клоп и минатото лето.

sportmedia.mk