logo
logo
logo

Клоп им се нафрли на новинарите: Нема да ти одговорам на прашањето!

Vecer | 05.02.2023

Клоп им се нафрли на новинарите: Нема да ти одговорам на прашањето!

Ливерпул игра катастрофално оваа сезона и тешко е да се дојде до суштината на проблемот кој го тресе тимот на Јирген Клоп. Седмиот пораз сезонава го претрпеа на гостувањето кај Вулверхемптон (3:0), а после дуелот, менаџерот на „црвените“ беше многу нервозен и уште еднаш го откри своето вистинско лице.

Додека работите одат добро, Клоп е насмеан, среќен и весел, додека штом се појават првите проблеми – германскиот тренер почнува да се расправа со сите и е многу непријатен, тука на прво место се новинари. Тој не сакаше да одговори на прашање на еден новинар, поради претходните текстови кои ги пишувал за нив.

„Тешко ми е да разговарам со тебе, да бидам сто посто искрен, не би сакал да одговорам. Знаеш зошто поради се што напиша, ако некој друг сака да го постави тоа прашање – ќе ти одговорам“, рече Клоп.

Друг новинар беше солидарен го постави истото прашање за менталитетот на тимот, го додаде и резултатот од 3-0.

„Не го сметам третиот гол што го постигна Вулверхемптон бидејќи првпат нафрлија на нашата половина во вториот дел од натпреварот. Што се однесува до другите два гола… По сето она што го зборувавме оваа недела од натпреварот – влезот во мечот беше ужасен“, изјави германскиот тренер, чија сезона на „Енфилд“ наликува на последната во Дортмунд.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk