logo
logo
logo

Клоп гневен на судијата, неговиот сонародник Феликс Брих...

Vecer | 07.04.2021

Клоп гневен на судијата, неговиот сонародник Феликс Брих...

Ливерпул синоќа во првиот 1/4 финален меч во ЛШ загуби на гости од Реал Мадрид со 3:1. Тренерот на “редси“ Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим не одиграл како што знае, но сепак по мечот не го криеше својот гнев кон судијата на мечот Феликс Брих, инаку негово сонародник.

Смета дека пред вториот гол на Реал, имало прекршок врз Садио Мане.

Таа ситуација со Мане…навистина не разбирам што судијата правеше на овој натпревар. Беше тоа чист прекршок врз Мане, а судијата се понесе кон таа ситуација како нашиот фудбалер да симулира. Потоа по секој контакт кога Мане ќе паднеше на теренот, судијата не судеше ништо. Тоа не е праведно, и по мечот самиот му реков дека не беше праведен. Сепак тоа не ги менува работите, нам судијата не ни ја загуби средбата, самите сме си виновни“ констатираше на крајот Германецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk