logo
logo
logo

Клисман Цаке: Против Вардар размислуваме само за три бода!

Vecer | 07.03.2021

Клисман Цаке: Против Вардар размислуваме само за три бода!

Многу врева се дигна во средата кога Струга Трим Лум во самиот финиш загуби дома од Пелистер. И не толку поради голот на битолчани, колку поради недосудениот пенал во последните секунди. Но тоа е минато за стружани, тие денеска сакаат победа на гостувањето кај Вардар. Ќе бидат ослабени поради фактот дека на клупата нема да седи стратегот Срѓан Захариевски поради суспензија.

Клисман Цаке, дефанзивецот на Струга Трим Лум прво се потсетува на прекрасниот гол кој го постигна против денешниот ривал минатата есен во Струга, тоа беше супер гол во стилот на Кварезма.

“Тој е еден од оние голови кои ме направи многу среќен. Тоа го работев и на тренинзи, но не можев докрај да се израдувам поради резултатот на крајот, сите знаат дека на тој меч заслуживме многу повеќе од тие 2:2. За денешниот меч нема што многу да се коментира. Против Вардар ќе одиме на три бода, размислуваме само на победа. Го респектираме секој противник, но имаме доверба во својот квалитет и верувам дека можеме да дојдеме до сите три бода денеска во Скопје“ изјави Цаке.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk