ПРВА КОШАРКАРСКА ЛИГА

КК Маврово покус за 88.400 денари

Кошаркарскиот клуб Маврово најдоцна до 4 јануари треба да ги подмири долговите кон Здружението на клубовите од Првата лига во висина од 88.400 денари. Во спротивно тимот ќе биде исклучен од лигата и вратен во Втората, а сите резултати што ги постигна во првата фаза ќе бидат поништени.

Пред стартот на Првата лига гостиварци со вајлд-карта обезбедија настап во елитното друштво, но со првото коло се појавија и првите проблеми. Беспарицата, неорганизираноста, неможноста да игра во својата сала "Младост" во Гостивар да се обезбеди доволен фонд на играчи (минимум десет) придонесоа Маврово да се најде во непријатна ситуација, да се редат казните, парични, кои како стојат работите нема да може да ги покрие. Реагираа и клубовите учесници во лигата потсетувајќи дека се минати роковите на толеранција и оти повеќе не смеат да се прават отстапки бидејќи постои опасност да биде загрозена и регуларноста на лигата во која многу клубови имаат вложена доста средства.

- Уште на 25 декември, лани, испратив писмо до КК Маврово потсетувајќи го дека повеќе нема да има никакви отспаки, мораат да се платат казните и да добиеме гаранција дека клубот ќе се организира, нема да дозволи да игра натпревари со кошаркари под минимум предвидените 10. Ќе чекам до 4 јануари и потоа ќе донесам конечна одлука. Притоа ќе ги имам предвид и укажувањата на клубовите учесници во Првата лига изнесени на неодамнешната седница на Здружението во Битола, вели Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија Томче Димишковски.

(С.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари