Девет повредени е премногу и за Реал

Ќе има ли Ливерпул со кого да игра против Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе мора да се справи со многу проблеми пред клучниот судир во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. „Црвените" во вторникот им гостуваат на „граѓаните" на „Етихад", откако победија со 3:0 во првиот четвртфинален натпревар на „Енфилд".

Вкупно девет играчи имаат здравствени проблеми, а за некои од нив сезоната е завршена. Друг дел од овие фудбалери се под прашање за натпреварот во текот на неделата.

Големата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах се уште е под знак прашалник за гостувањето кај Сити. Голгетерот на „црвените" се повреди во првиот натпревар помеѓу двата тима и го пропушти дербито со Евертон вчера.

Клоп им даде одмор на голем дел од стартерите за натпреварот со „карамелите", кој заврши со 0:0.

Доминик Соланке и Дани Ингс го почнаа дуелот како носители, додека Трент Александар-Арнолд, Алекс Окслеид-Чембрлен и Роберто Фирмино се појавија на теренот како резерви. На клупата за Ливерпул се забележаа уште имињата на фудбалери како Конор Мастерсон, Кертис Џонс и Рафа Камачо.

Еве го и списокот на повредени играчи во кампот на Ливерпул:

Жоел Матип (аут до крајот на сезоната)

Џо Гомез (аут за скоро 3 недели)

Ендрју Робертсон (под прашање за Сити)

Алберто Морено (под прашање за Сити)

Емре Чан (аут за следните два натпревари)

Адам Лалана (аут за неколку недели)

Бен Вудборн (под прашање за Сити)

Мохамед Салах (под прашање за Сити)

Рајан Брустер (аут до крајот на сезоната).

Поврзани

Најнови вести

Коментари