logo
logo
logo

Ќе беше идеално решение: Флик ја “откачил“ Барселона!

Vecer | 13.05.2021

Ќе беше идеално решение: Флик ја “откачил“ Барселона!

Се чини дека и дефинитивно Роналд Куман по завршување на тековната сезона во Ла Лига ќе добие “шут карта“ од Барселона. Него може да го спаси само освојување на титулата, но сега Атлетико Мадрид е на чекор до тронот.

Во последните неколку денови во тамошните медиуми се шпекулира со името на Жорди Кројф за нов тренер на Барса, а сензационално ЕСПН објавува дека Лапорта го сакал Ханси Флик, екс тренерот на Баерн Минхен и новиот селектор на Германија, за стратег на каталонците.

Се чини дека тоа ќе беше идеално решение за Барса, но овој клуб и Лапорта како да задоцниле.

Имено откако контактирале со менаџерите на германскиот стратег, првите луѓе на Барса добиле одговор дека Флик е во завршни разговори со Фудбалскиот сојуз на Германија и дека тој ќе го наследи Јоаким Лев на селекторската функција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk