logo
logo
logo

Кире Ристевски со Куп трофејот во Унгарија

Vecer | 03.05.2021

Кире Ристевски со Куп трофејот во Унгарија

Кире Ристевски со неговиот Ујпешт, се закити со Куп трофејот во Унгарија. Ујпешт во финалето играше со Фехервар на Висар Муслиу. И двајцата беа во стартните тимови, и го одиграа целото финале, односно 120 минути, со оглед дека се играа и продолженија.

Во регуларниот дел беше 0:0, а потоа Фехервар остана без двајца играчи поради црвени картони. Сето тоа го искористи Ујпешт, и со гол на косовецот Кастрати стигна до пехарот.

Ова беше 11-ти трофеј на Ујпешт во историјата во Купот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk