logo
logo
logo

Кире Ристевски со гол за Ујпешт на затворањето на сезоната во Унгарија (ВИДЕО)

Vecer | 08.05.2021

Кире Ристевски со гол за Ујпешт на затворањето на сезоната во Унгарија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски постигна еден од петте голови за Ујпешт во победата на неговиот тим над Залаегерсег во меч од 33. коло во унгарското првенство.

Ујпешт славеше со 5-4 во вистинска голеада на теренот во Будимпешта.

Ристевски погоди за 4:3 во 70. минута, по што следуваа уште два гола на двете страни, со среќен крај за домашните. Ујпешт ја заврши сезоната во Унгарија на 6. место, а Ристевски во последната рунда го постигна својот првенец сезонава.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk