logo
logo
logo

Кире Маркоски го засилува Шкупи?

Vecer | 02.06.2021

Кире Маркоски го засилува Шкупи?

Екипата на Шкупи имаше солидна сезона во македонскиот шампионат. Не успеа да стигне до титулата, меѓутоа успеа да обезбеди место во Европа. Тимот од Чаир ќе игра во новата Конференциска лига на УЕФА, па активно работи на засилувањата.

Целта идната сезона е да се освои врвот во македонскиот шампионат и да се остави добар впечаток во Европа. Шкупи веќе обезбеди некои нови играчи, а потенцијално засилување е репрезентативецот Кире Маркоски.

Неофицијално, крилниот напаѓач, кој има пет настапи и еден гол за македонскиот национален тим, беше дел од Академија Пандев минатата полусезона, може да направи нов трансфер и тоа на Чаир. Маркоски е дете на Работнички, за тимот од Градски парк играше од 2012 до 2018 година, а потоа направи трансфер во АЕЛ Лимасол. Беше позајмуван во Спартак Трнава, беше и во Карвина, па се врати во Македонија и заигра за Академија Пандев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk