logo
logo
logo

Кимпембе ги нарече фудбалерите на Рен „еден куп пед**и“'

Vecer | 10.05.2021

Кимпембе ги нарече фудбалерите на Рен „еден куп пед**и“'

Дефанзивецот на ПСЖ, Кимпембе, ризикува да добиете долга суспензија откако излезе со невкусни изјави насочени кон фудбалерите на Рен по вчерашниот меѓ кој заврши нерешено, 1:1.

25-годишниот бек на парижани беше исклучен во 87-та минута за груб старт врз домашниот фудбалер, Док. Напуштајќи го теренот, Кимпембе си дозволи да ги нападне гостите со низа пцости и хомофобични навреди, нарекувајќи ги фудбалерите на Рен: „Еден куп педери“.

Кимпембе, кој дефинитивно ќе го пропушти полуфиналето на Купот на Франција против Монпелје поради дисквалификација заради црвениот картон, може да биде суспендиран на три натпревари поради овие непромислени изјави, што ќе значи дека нема да игра на преостанатите натпревари од францускиот шампионат.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk