logo
logo
logo

Кил ја доби првата рунда, Раул и ПСЖ се враќаат со негатива од два гола

Vecer | 12.05.2021

Кил ја доби првата рунда, Раул и ПСЖ се враќаат со негатива од два гола

Пресметката на титаните во Лигата на шампионите меѓу Кил и ПСЖ заврши со победа на актуелниот бранител на титулата, кој славеше со минимални 31-29 без Сандер Сагосен. Сепак оваа позитива не е гаранција за место на Ф4 во Лигата на шампионите. Реваншот во Париз ќе го даде патникот за Келн.

Рајкинд со 10 гола од 16 обиди ги предводеше „зебрите“, по пет гола имаа Дувњак и Екберг. Дилан Нахи имаше осум погодоци кај ПСЖ, Хансен застана на шест.

Бундес-лигашот кон средината на второто полувреме успеа да го сврте мечот, со серија од 3-0 поведе со 28-25 со головите на Екберг и Рајкинд, а потоа и со 30-27 на три минути до крајот. Избраниците на Раул Гонзалес по последната негатива од 31-28 добија и исклучување.

ПСЖ имаше подобра игра во првото полувреме, водеше со 8-12, но по 14-15 на одморот беше јасно дека оваа средба ќе има поинаков тек.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk