Киелини е седмиот Италијанец со 100 настапи за репрезентацијата

Фудбалскиот репрезентативец на Италија, Џорџо Киелини денеска го забележа 100. настап за таа селекција, на натпреварот против Португалија во петтото коло од Лигата на нации.

Дефанзивецот на Јувентус на тој начин стана седмиот Италијанец кој одиграл 100 натпревари во националниот дрес.

Пред него тоа го постигнаа Дино Зоф (112), Андреа Пирло (116), Даниеле де Роси (117), Паоло Малдини (126), Фабио Канаваро (136) и Џанлуиџи Буфон (176).

Киелини дебитираше во 2004. година во пријателски натпревар против Финска, кога имаше само 20 години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари