Трансфер бомба од Полска

Киелце плати рекордна сума за ракометниот Неимар

Полскиот ракометен шампион Киелце ги шокираше сите, со сумата која ја плати за да го ангажира германскиот репрезентативец, Андреас Волф.

Кога денеска излегоа на прес-конференција беше вистински шок претставувањето на Андреас Волф, како нов играч на Кјелце, иако дури од следната сезона. Летово го нарекуваа „ракометен Нејмар" бидејќи Веспрем беше подготвен да му плати на Кил 2,6 милиони евра за да го купи Волф, со што ќе поставеше нов рекорд, меѓутоа трансферот замре.

Причината била затоа што Киелце буквално му го украде од пред нос за уште поголема сума. Полскиот шампион ќе му плати на Кил три милиони евра отштета, а голманот ќе зема годишна плата од еден милион! Ова се бројки кои досега ракометот ги немал. Рекордот го држеше Никола Карабатиќ, кој премина од Барселона во ПСЖ за 1,8 милиони евра, а годишно заработува по 500.000.

Поврзани

Најнови вести

Коментари