logo
logo
logo

Хаос во Босна, прекинат меч и запален автомобил на судија

Vecer | 22.09.2021

Хаос во Босна, прекинат меч и запален автомобил на судија

Дуелот меѓу Вележ и Борац во рамките на 10. коло во босанскиот шампионат не го дочека својот крај, беше прекинат во 82. минута при 2-0.

Токму по вториот погодок десетина навивачи влетаа во теренот да се пресметаат со судиите, а делегатот на мечот одлучи истиот да го завери со победа на Борац. Со оглед на тоа дека се одиграа повеќе од 80. минути и прекинот е поради лошата огранизација на домаќинот Вележ, одлуката беше донесе во согласност со правилата на тамошната федерација.

Доколку натпреварот беше прекинат поради друга причина, истиот ќе беше регистриран според моменталниот резултат. Домаќинот сигурно ќе добие и дополнителна казна од страна на дисциплинската комисија.

Но, тука не застануваат драмите. Веднаш по завршување на мечот, навивачи го запалиле автомобилите на еден од судиите, а во болница зваршил и делегатот на мечот. Главниот судија дури бил и претепан во тунелот.

Физички бил нападнат и директотрот на Борац, тој оваа информација ја потврди за тамошните медиуми.

Босанскиот спортски портал денеска ексклузивно сподели фотографија од запалениот автомобил, истата можете да ја видите на следниот ЛИНК.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk