logo
logo
logo

Хамилтон со пол – позицијата во Џеда, Верстапен на стотина метри пред целта се удри во оградата!

Vecer | 04.12.2021

Хамилтон со пол – позицијата во Џеда, Верстапен на стотина  метри пред целта се удри во оградата!

Луди квалификации во Џеда на ГН на Саудиска Арабија за утрешната главна трка. Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата, но само благодарение на Макс Верстапен. Имено Холанѓанецот имаше “ѕверско“ возење, на правите делови разви дури и 343 км на час, во последниот круг од третата квалфикациска рунда. Имаше три десетинки подобро време од светскиот првак и требаше само да го заврши кругот, но тој притискаше на педалата за гас и на стотина метри пред целта се удри во оградата. Тоа значеше дека му го препушти првото место на стартот на утрешната трка на својот лут ривал. Огромно беше разочарувањето кај водечкиот во генералниот поредок. Имено ова може да го чини дури и титула, ако се знае дека пред него утре на стартот ќе биде и Валтери Ботас, вториот возач на Мерцедес.

Сето ова наговестува супер, супер интересна трка на ГН на Саудиска Арабија која почнува во 18:30 часот. Верстапен има 8 бодови предност пред Хамилтон во генералниот пласман.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk