logo
logo
logo

Хамилтон победник во ХАОСОТ во Џеда!

Vecer | 05.12.2021

Хамилтон победник во ХАОСОТ во Џеда!

 

Лудило! Хаос! Каква трка за ГН на Саудиска Арабија во Формула 1! Ова ретко се гледа, и тоа само благодарение на Хамилтони Верстапен кои водат жестока битка за титулата. Победник на патеката во Џеда беше Луис Хамилтон, светскиот првак успеа како така да го искористи сиот хаос на патеката, на трката која во повеќе наврати беше рестартирана, прво поради Мик Шумахер. Имаше и тактички надмудрувања околу тактиката, менување на пневматицитеи и сеона штое потребно кога се работи за титулата.

Во Џеда подобар беше Хамилтон, Верстапен заврши како втор, но треба да се напомене се она што се случуваше од 36 до 38 круг кога Хамилтон и Верстапен биеја директна битка за тоа кој ќе биде прв. Хамилтин прво го удри Верстапен, па овој беше казнет со препуштањена челната позиција која ја врати по малку “мангупски“,но сепак пневматиците ги решија сите дилеми.Хамилтон победи,ова беше негова трета во низа победа.

Трка која долго ќе се памети, таква драма не се памети одамна.

Па така во последната трка ќе се решава кој ќе биде светски првак, приказна за сите сладокусци на Формула 1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk