logo
logo
logo

Хамес во договорот со Ал-Рајан има посебна клаузула наречена “Меси“!

Vecer | 23.09.2021

Хамес во договорот со Ал-Рајан има посебна клаузула наречена “Меси“!

И дефинитивно Хамес Родригез ќе игра за тимот на Ал – Рајан од Катар. Тој си замина од Евертон и ја прифати пребогатата понуда од катарскиот клуб. Катарците се задоволни, Колумбиецот е задоволен.

Интересно е тоа што при потпишувањето на договорот, Хамес барал да се вметне посебна или специјална клаузула наречена “Меси“. Имено тој во случај само ако ПСЖ му достави понуда би можел да си замине од Ал – Рајан без ниакква отштета, но само во клубот од „Паркот на принцовите“. За сите други клубови ќе има голема отштета.

Имено Хамес, кој сега има 30 години, имал многу голема желба да игра заедно со Лео Меси и тоа во ПСЖ, каде како што е познато газди се шеиците од Катар.

ФОТО: James Rodrguez Twitter


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk