logo
logo
logo

Халанд: Тука ме донесоа за да освојуваме трофеи, нема зошто да криеме!

Vecer | 02.06.2023

Халанд: Тука ме донесоа за да освојуваме трофеи, нема зошто да криеме!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд изјави дека ќе направи се што може за да му помогне на клубот да ја освои историската тројна круна.

Сити оваа сезона ја одбрани титулата во Премиер-лигата и може да освои уште два трофеи – Лигата на шампионите и ФА Купот.

Тимот во сабота од 16 часот ќе игра во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Јунајтед, а на 10 јуни во финалето на Лигата на шампионите против Интер.

Единствениот англиски клуб кој ги освоил тие три трофеи е Манчестер Јунајтед во 1999 година.

„Би било нестварно да се испиша таа историја“, изјави 22-годишниот Халанд, пренесе Би-би-си.

Сити допрва треба да ја освои Лигата на шампионите, а Халанд се надева дека може да им помогне да го освојат највредниот трофеј во Европа.

„Затоа ме доведоа, да го освојам, не мора да го криеме. Тоа би значело се. Тоа е мојот најголем сон и се надевам дека ќе се оствари. Но нема да биде лесно, играме две финалиња против два добри тимови кои ќе направат се што можат за да ни го уништат сонот. Тие ќе бидат мотивирани, ќе бидат подготвени и ние мораме да одиграме најдобро, бидејќи ако го играме нашиот најдобар фудбал, имаме добри шанси да го направиме тоа“, рече Халанд.

Сити на крајот од сезоната успеа да ја надополни негативата од бодови зад Арсенал и да ја освои третата последователна титула со тренерот Пеп Гвардиола.

„Ја бркавме цела сезона и кога ја освоивме Премиер-лигата почувствувавме големо олеснување. Сега ни остануваат уште две финалиња и тоа е единственото нешто на што се концентрираме пред да одиме на одмор“, додаде норвешкиот напаѓач, кој е најдобар стрелец во Премиер лигата со 36 гола оваа сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk