logo
logo
logo

КФСМ ќе им додели Рапид ПЦР тестови на клубовите

Vecer | 22.04.2021

КФСМ ќе им додели Рапид ПЦР тестови на клубовите

По одлуката на Владата на РМ да се воведат задолжителни ПЦР тестови пред секој натпревар, во јавноста се огласи и КФСМ. По ФФМ и РФМ, и оваа федерација ќе им додели на клубовите од  Прва лига-мажи, Прва лига-жени, и Втора лига-мажи.

„Ве известуваме дека Кошаркарската Федерација на Северна Македонија до сите клубови учесници во Прва лига-мажи, Прва лига-жени, и Втора лига-мажи, вклучени во системот за натпреварување во сезоната 2020/2021, ќе достави Rapid PCR тестови за детекција на заразната болест COVID – 19.

Тестирањето пред секој натпревар треба да биде спроведено од страна на лиценцираниот доктор на екипите, а резултатите да бидат испратени до канцеларијата на Сениорски лиги.

Тестирањето треба да се спроведе најрано 24 часа пред одигрување на натпреварот и резултатите заедно со формуларот веднаш да бидат доставени до канцеларијата на Сениорски лиги, но не подоцна од 10. часот на денот на одигрување на натпреварот.

Клубот е должен да го достави формуларот со наведени тестирани лица со име, презиме и датум на раѓање, и слика од сите направени тестови заедно на која што ќе има датум на извршување на тестовите, потпис од лиценцираниот доктор на тимот кој што го спровел тестирањето, печат и потпис од овластеното лице на клубот и да наведе во самиот формулар за кој натпревар се однесува извршеното тестирање.

Согласно со ова известување, федерацијата потврдува дека во целост ќе ја испочитува одлуката на Влада на РСМ објавена во Службен Весник бр. 87 со датум 20.04.2021, Одлука за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID – 19 предизвикана од вирусот SARS – CoV – 2, случаите и временскиот период на нивна примена, во член 13 став 1 во точката 2 се менува и се додаваат зборовите:” освен организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на гледачи/публика, исклучиво по наменски одобрени протоколи и по претходно извршено PCR тестирање пред одигрување на натпреварот од страна на клубовите“, се вели во известувањето на КФСМ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk