logo
logo
logo

КФСМ ги замрзна младинските лиги

Vecer | 06.04.2021

КФСМ ги замрзна младинските лиги

КФСМ денеска донесе одлука со која со оглед на фактичката состојба во државата по повод пандемијата од коронавирус, а и последните мерки кои се на сила, реши да ги прекине активностите во сите младински лиги.

Согласно со тоа, се одложуваат сите натпревари кои беа опфатени со последното делегирање, а кои поради актуелната ситуација досега не беа одиграни.

Одложувањето на натпреварите во Младинските лиги ќе трае до 20. април, 2021 година.

Во меѓувреме, федерацијата ќе ги следи сите актуелни состојби поврзани со епидемијата предизвикана од Ковид-19. Во зависност од актуелниот здравствен момент во земјата ќе бидат и следните чекори поврзани со враќање на активностите во младинскиот сегмент.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk