logo
logo
logo

Кејн со два гола го „поздрави“ Динамо, Гранада продолжува да „лета“ во ЛЕ (видео)

Vecer | 11.03.2021

Кејн со два гола го „поздрави“ Динамо, Гранада продолжува да „лета“ во ЛЕ (видео)

Тотенхем со двата гола на Хари Кејн го совлада Динамо Загреб со 2:0 и си ја отвори вратата за четвртфинале во Лигата на Европа. Англискиот репрезентативец ги постигна головите во 25. и во 70. минута од натпреварот со што ги намали шансите на екипата од Загреб за место меѓу осумте најдобри во ЛЕ. Вечерва на „Вајт Харт Лејн“ во првиот тим на Динамо беа Аријан Адеми (излезе во последните секунди од мечот поради повреда) и Стефан Ристовски.

И Гранада продолжува да прави сензација. Дебитантот со 2:0 го совлада Молде на домашен терен и се најде пред портите на четвртфиналето. Молина и Солдадо ги постигнаа головите. Да потсетиме Гранада го елиминира Наполи во претходното коло.

А и Рома е блиску до четвртфиналето на Лига Европа. Си обезбеди високи 3:0 против Шахтјор Доњецк на „Олимпико“. За „волчицата“ погодија Пелегрини, Ел Шарави и Манчини.

Во Атина, Арсенал го совлада Олимпијакос со 3:1. „Топчиите“ поведоа со гол на Одегард во првото полувреме, но грчкиот тим изедначи преку Ел Араби во 58 минута. Меѓутоа Габриел во 80. и Елнени во 88. минута обезбедија висока победа за тимот од Лондон.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk