УРУГВАЕЦОТ ПОЧНА ДА ГЛУМИ ЛУДИЛО

Кавани тврди дека сега е опуштено

Три недели подоцна, Кавани реши да стави крај на сите дилеми и да открие како се чувствува по вербалниот конфликт со Бразилецот

Единсон Кавани најпосле проговори за вербалниот конфликт кој го имаше со најскапиот фудбалер на денешницата, Неимар. Уругваецот и Бразилецот се закачија за време на првенствениот дуел против екипата на Лион.

Двајцата сакаа да го изведат ударот од белата точка, а според француските медиуми, малку фалело да има и физичка пресметка во соблекувалната.

Клупските челници веднаш се обидоа да ја смират ситуацијата и ја убедуваа јавноста дека станува збор за минорен инцидент, а открија и дека не е точна информацијата дека на Кавани му биле понудени милион евра за да му дозволи на Неимар да ги изведува ударите од белата точка.

Три недели подоцна, Кавани реши да стави крај на сите дилеми и да открие како се чувствува по вербалниот конфликт со Бразилецот.

Такви се фудбалските ситуации. Понекогаш се додаваат непотребни детали, но на сите им е јасно дека една обична ситница е претворена во нешто многу поголемо. За таквите работи се дискутира само во соблекувалната. Секој проблем има решение. Сега се е мирно и опуштено. Најважно е што сите имаме иста цел, изјави напаѓачот на ПСЖ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари